ПОДАТОЦИ КОИ СЕ СОБИРААТ:

Ние ги собираме Вашите податоци кога вие ни ги давате, кога ги користите нашите услуги и во случај кога други извори ни ги даваат, како што е опишано подолу. Доколку не се согласувате со оваа политика, не треба да ги користите нашите услуги и не треба да комуницирате со кој било друг аспект од нашиот бизнис.

ПОДАТОЦИ ЗА СМЕТКА И КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ:

Ние ги собираме вашите податоци тогаш кога го креирате или кога правите измени на вашиот кориснички профил, кога внесувате парамтери или вршите наплата преку нашата апликација.

ДИА ги собира само податоците кои корисникот ги обезбедува преку корисничкиот интерфејс на апликацијата и ги чува во интерната меморија на уредот, а доколку корисникот е регистриран ги чува податоците на безбедниот сервер.

  • Е-пошта,
  • корисничко име,
  • име и презиме,
  • датум на раѓање,
  • пол,
  • лозинка (шифрирана, која не можеме да ја прочитаме)

РЕЛЕВАНТНИ ПОДАТОЦИ КОИ СЕ СОБИРААТ:

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:

Име, презиме, е-пошта, датум на раѓање, возраст, пол

ДРУГИ ПОДАТОЦИ:

Тип на дијабетес, ниво на глукоза во крвта, тежина, ХБА1Ц, физички активности, записи во апликациите како: датум/време/временска зона/мерење на гликоза во крвта, крвен притисок, тежина, ХБА1Ц

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ПОДАТОЦИТЕ КОИ ГИ СОБИРАМЕ

Како ги користиме податоците кои ги собираме, деловно зависи од тоа кои Услуги ги користите, како ги користите и какви било преференции што сте ги комуницирале со нас. Во параграфот подолу се дадени специфичните цели за кои ги користиме податоците што ги собираме.

Ги собираме и обработуваме Вашите податоци само Таму каде што имаме Законски осонови за тоа, според важечките закони на ЕУ. Правните основи зависат од услугите што ги користите и од тоа како ги користите. Ова значи дека ги собираме и користиме вашите информации само во случај кога:

Ни се потребни за да ви ги обезбедиме услугите, вклучително и при управување со услугите

Треба да обезбедиме корисничка поддршка и персонализирани функции и да ја заштитиме безбедноста на услугите

Се задоволува легитимен интерес како истражување и развој

При пласирање и промоврирање на услугите за заштита на нашите Законски права и интереси

Вие ни давате согласност да го сториме тоа за одредена цел

Треба да ги обработиме вашите податоци со цел усогласување со законската обврска

Треба да го подобриме нашиот алгоритам за персонализирани блогови со што би обезбедиле подобри содржини за вашата состојба.

Доколку сте се согласиле да ги користиме Вашите податоци за одредена цел, имате право да се премислите во секое време, со што тоа нема да влијае на било која обработка која веќе се случила.

Онаму каде што ги користиме Вашите информации затоа што ние или трета страна имаме легитимен интерес да го сториме тоа, вие имате право да се спротиставите на таа употреба, иако тоа во некои ситуации може да значи дека повеќе не ги користите нашите услуги.

ВАШИТЕ ПРАВА

ПОНИШТУВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ

Доколку ги обработуваме вашите кориснички податоци врз основа на Ваша согласност, имате право да ја отповикате согласноста во секое време. Во секој случај, тоа нема да влијае на законитоста на обработката пред отповикувањето.

Ние ќе продолжие да ги обезбедуваме нашите услуги доколку истите не зависат од согласноста која е поништена.

ИНФОРМАЦИИ, КОРЕКЦИЈА И ОГРАНИЧУВАЊЕ

Секој корисник има право да бара информации за обработка на неговите лични податоци. За да го направите тоа, ве молиме контактирајте не во секое време на contact@dia.com.mk

БРИШЕЊЕ ( „ ПРАВО ДА СЕ ЗАБОРАВИ „ )


    • Секој корисник има право да побара бришење на неговите лични податоци. За да го направите тоа, ве молиме контактирајте не во секое време на contact@dia.com.mk