Што нуди ДИА ?

  • Прашалник

    Прашалникот на оваа апликација им дозволува на корисниците да одговорат на персонализирани прашања поврзани со нивниот дијабетес. Ова и овозможува на ДИА да прибере потребни информации за вашиот тип на дијабетес и начинот на живот. Прибраните информации се користат за генерирање персонализирани препораки и содржина креирана за специфичните потреби на корисникот.

  • Блогови

    Оваа апликација нуди сеопфатна и редовно ажурирана колекција на блогови поврзани со дијабетес. Блоговите инкорпорираат широк опсег на теми, како исхрана, физичка активност,  начин на живот и генерални совети за живеење со дијабетес.

  • Мерења

    Оваа алатка ви дозволува да ги внесете и следите важните податоци поврзани со дијабетесот, како нивото на глукоза во крвта, крвен притисок, тежина и HbA1C. Преку редовно следење на овие измерени податоци,  ќе научите подобро да ги разбирате вашите здравствени тенденции и да препознаете шеми или провокации кои можат да имаат влијание врз вашиот дијабетес.

  • Графици и Извештаи

    ДИА генерира сеопфатни извештаи базирани на вашите измерени вредности. Овие извештаи нудат преглед на вашиот напредок, нагласуваат клучни тенденции, шеми и области кои бараат внимание. Преку анализа на овие извештаи, ќе добиете поголема свест и вредни информации поврзани со справување со дијабетес, поставување цели и прилагодување кон поздрав начин на живот во консултација со вашиот здравствен тим.

  • Зачувајте ги вашите омилени блогови

    Со оваа алатка корисниците можете да ги зачувате вашите омилени блогови за идна употреба и лесен пристап. Преку зачувување на релевантни и информативни статии, вие создавате персонална библиотека од вредни ресурси креирани за вашите интереси и потреби. Оваа алатка ви го олеснува процесот на повторна посета и преглед на важни информации,  нудејќи постојана поддршка и едукација за успешно справување со дијабетес.

  • Целосно бесплатна за користење

    Уживајте во придобивките на нашата потполно бесплатна апликација која ви овозможува посебно искуство без никакви трошоци.

Како до персонализирани блогови ?

Креирај профил

Одговори го прашалникот

Уживај во читањето

Едноставна контрола врз дијабетесот

Внеси

Брзо и едноставно внесете ги вашите вредности за ниво на глукоза во крвта, крвен притисок, тежина и ХБА1Ц

Следи

Секојдневно следете го напредокот на вашата здравствена состојба

Контролирај

Лесно контролирајте го дијабетесот со помош на јасни и едноставни графици и визуелизации

Најнови блогови

5 совети како да го контролираш дијабетесот на социјални настаниЖивот со дијабетес

ДИА December 28, 2023

5 совети како да го контролираш дијабетесот на социјални настани

Поканети сте на друштвен собир. Како некој со дијабетес, можеби се прашувате какви мерки на претпазливост треба да преземете. Одговорот зависи од видот и времетраењето на настанот, но едно е сигурно: дијабетесот никогаш не треба да ве спречи да се забавувате. Со вистинскиот начин на размислување и соодветните алатки, можете да учествувате на кој било настан што ќе го одберете. Еве пет совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате посигурни кога ќе ја прифатите поканата. Запомнете, вие можете сѐ!

Прочитајте повеќе

Факултет и дијабетес тип 1: Совети за полесно снаоѓањеДијабетес кај деца и млади, Тип 1 Дијабетес

ДИА December 27, 2023

Факултет и дијабетес тип 1: Совети за полесно снаоѓање

Здраво студенти! Честитки за тргнувањето на ова возбудливо академско патување! Сосема ве разбираме дека живеењето самостојно може да биде огромен товар, без разлика дали доаѓате од друг град или се селите во странство, особено кога треба да се справувате и со дијабетес истовремено. Но, не грижете се, ние ви чуваме грб!

Прочитајте повеќе

6 совети за среќни и здрави празници со дијабетесИсхрана

ДИА December 25, 2023

6 совети за среќни и здрави празници со дијабетес

Сезоната на празници е посебно време каде што можете да се поврзете со саканите и да уживате во вкусната храна. Меѓутоа, ако имате дијабетес, може да ви претставува малку предизвик да го контролирате нивото на шеќер во крвта додека сè уште се препуштате на вашите омилени празнични задоволства. Но, не грижете се, со внимателно планирање и подготовка, сепак можете да уживате во семејните веселби и празничната еуфорија без да го загрозите вашето здравје.

Прочитајте повеќе

Имате прашањe ? Контактирајте нè !