5 совети како да го контролираш дијабетесот на социјални настани

December 28, 2023


Поканети сте на друштвен собир. Како некој со дијабетес, можеби се прашувате какви мерки на претпазливост треба да преземете. Одговорот зависи од видот и времетраењето на настанот, но едно е сигурно: дијабетесот никогаш не треба да ве спречи да се забавувате. Со вистинскиот начин на размислување и соодветните алатки, можете да учествувате на кој било настан што ќе го одберете. Еве пет совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате посигурни кога ќе ја прифатите поканата. Запомнете, вие можете сѐ!

Шансите се големи дека не сте единствениот кој сака да има здрава опција на грицки на шведската маса  на канцелариските собири и роденденските забави. Ако тоа ве загрижува, зошто да не понудите да донесете ваше јадење?

Ако сте вие домаќини на некаков собир, кога гостите ќе ве прашаат што можат да донесат,  препорачајте јадења погодни за дијабетичари за да си помогнете да го контролирате шеќерот во крвта. Посно месо за скара, здрава овошна салата – вие сте домаќинот, вие одлучувате!

Планирањето однапред може да биде голем спас кога станува збор за менаџирање со нивото на шеќер во крвта. Можеби понекогаш ќе се чувствувате напнато , но одвојувањето малку време за план и подготовка може да ви даде слобода да уживате во моментот без да се грижите за вашето здравје. Пред да излезете од дома, секогаш проверувајте го нивото на шеќер во крвта за да се уверите дека е стабилно, особено ако возите или патувате.

Ако одите да прославите некоја посебна пригода во ресторан, обидете се претходно да го побарате менито онлајн за да најдете поздрави опции. На пример, можете да го замените помфритот за салата или динстан/ печен зеленчук или да нарачате плескавица без леб. На овој начин, можете да се препуштите на омилената храна без да го загрозите вашето здравје.

Ако присуствувате на „happy hour” со колегите, поставете си временска рамка и држете се до неа. Не мора да се чувствувате под притисок дека морате да порачате зашеќерени коктели; наместо тоа, одлучете се за минерална вода и уживајте во дружењето со колегите. И ако не сте сигурни за опциите храна на некој настан, секогаш е добра идеја да понесете со себе грицки како микс од јаткасти плодови, стапчиња со сирење или крекери од цели зрна.

Запомнете, грицките се ваш пријател! Ако земате лекови кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта, погрижете се постојано да носите ужинка која содржи шеќери со брзо дејство. Со малку план и подготовка, можете да уживате во сите животни моменти без да се грижите за нивото на шеќер во крвта.

Важно е да го следите нивото на шеќер во крвта без разлика каде одите и што правите. Вашите нивоа може да се менуваат врз основа на храната што ја јадете и активностите во кои учествувате, понекогаш дури и без да го сфатите тоа.

За да ги олесните работите, размислете за користење на континуиран монитор за гликоза (CGM) доколку сте во финансиска можност. Овие уреди ги мерат вашите нивоа на гликоза во реално време и  ги носите со себе каде и да одите. Некои дури се поврзуваат со вашиот паметен телефон за да можете дискретно да го проверите нивото на гликоза за време на некој настан.

Исто така, добра идеја е да бидете сигурни дека некој со вас знае за вашата состојба и да носите ознака за медицинска идентификација, како нараквица, за секој случај. Запомнете, менаџирањето со нивото на шеќер во крвта е клучно за да останете здрави и да се чувствувате најдобро!

Лесно е да се заборави дека покрај вежбањето и навиките во исхраната, и она што го пиете има големо влијание на вашето здравје. Социјалните настани често вклучуваат алкохолни пијалоци. Одлуката дали да пиете или не кога имате дијабетес или се обидувате да ја запазите вашата линија може да биде незгодна. Еве неколку работи што треба да се земат предвид:

·        Прво, консултирајте се со вашиот лекар: Алкохолот може да ги влоши симптомите на некои здравствени состојби и може да влезе во реакција со некои слекови.

·        Секогаш јадете храна додека пиете за да го одржите нивото на шеќер во крвта стабилно и да избегнете висока содржина на алкохол во крвта. Алкохолот може да предизвика ниски нивоа на шеќер во крвта, па ако земате лекови кои го зголемуваат нивото на инсулин, јадењето е задолжително.

·        Наместо да избирате зашеќерени, висококалорични пијалоци, одлучете се за лесно пиво или пијалоци со малку јаглехидрати, како што е виното.

·        Пијте вода наизменично додека пиете алкохолни пијалоци за да останете хидрирани и да му дадете време на вашето тело да го метаболизира алкохолот.

Еден пијалок од кој никогаш нема да ви е премногу е водата. Му помага на вашето тело да ја регулира температурата, да ги подмачкува зглобовите и да се ослободи од вишокот материи.

Водата, исто така, може да ви помогне да ги намалите калориите – ако замените лименка обична сода од 350 ml за чаша студена вода, ќе заштедите околу 140 празни калории и околу 40 грама шеќер.

Многумина од нас, исто така, погрешно ја заменуваат жедта со глад. Следниот пат кога ќе мислите дека сте гладни, проверете дали пиењето чаша вода ќе ве засити со цел да спречите прејадување.

Секогаш е позабавно да имате другар за вежбање кој ќе ви помогне да бидете мотивирани и одговорни за вашите здравствени цели! Договорете прошетка или сесија во теретана со вашиот пријател после секој “happy hour” на кој присуствувате заедно. На овој начин, можете да гo избалансирате уживањето со некоја физичка активност. И ако имате заедничка омилена ужина, зошто да не ја поделите?  Со тоа ќе ги контролирате порциите додека сеуште уживате во вкусот. Сето ова е всушност наоѓање рамнотежа помеѓу контролата на дијабетесот и останување на вистинскиот пат кон поздрав начин на живот. Затоа, најдете го вистинскиот пријател за поткрепа и направете го здравиот начин на живот тимска работа!

Ако претерате на некој социјален собир, не се обвинувајте за тоа. Проверете го шеќерот во крвта и сфатете го сето тоа како едно искуство од кое ќе научите. Не прескокнувајте оброци подоцна во текот на денот за да надоместите за грешката. Ова може да ве поттикне да си земете за право повторно да се прејадете во следниот оброк и да предизвикате ниско ниво на шеќер во крвта доколку се изложите на ризик. Јадете редовно, останете хидрирани, често проверувајте го нивото на шеќер во крвта и земајте ги лековите како и нормално. Ќе се вратите во колосек за кратко време.