Terms of service

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИ

Договорот за Услови за користење е правно обврзувачки договор чија цел е да ги регулира односите со нашите корисници и други што можат да комунициираат или да ја користат ДИА од страна на организацијата Млади Лидери во врска со употребата на мобилната апликација ДИА достапна на Андроид.

КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Сите поединци кои ја користат нашата апликација, како и посетители на веб страната, без разлика дали се регистрирани или не, ќе се сметаат за „корисници“ на овде содржаните Услуги обезбедени за целите на Овие Услови за користење. Откако поединецот ќе се регистрира за користење на нашите услуги, преку процесот на креирање сметка, поединецот ќе се смета за „корисник“.

Корисникот признава и се согласува дека услугите се обезбедени и достапни преку нашата веб-страна и апликација, може да бидат достапни на различни веб платформи и се единствена сопственост на Млади Лидери. Млади Лидери може да понудат дополнителни услуги и/или производи на веб-страната и/или апликацијата, или да ги ажурираат, менуваат или ревидираат сите тековни содржини и услуги, а овој договор ќе се применува на сите дополнителни услуги и/или производи и на сите ажурирани, изменети или ревидирани Услуги, освен во случај кога не е поинаку пропишано. ДИА со ова го задржува правото да откаже или да престане да нуди некоја од горенаведените услуги и/или производи. Вие, како краен корисник потврдувате, прифаќате и се согласувате дека ДИА нема да биде одговорна за такви ажурирања, модификации, ревизии, суспензии или прекинување на било која од нашите услуги и/или производи. Вашето континуирано користење на обезбебедените услуги, по објавувањето на било какви ажурирања, промени и/или модификации, ќе претставува прифаќање на таквите ажурирања, промени и/или модификации и како такво, често прегледување на овој Договор и сите применливи услови и политики треба да се направени од Вас, за да бидете осигурани дека сте запознаени со сите услови и политики кои моментално важат. Доколку не се согласувате со ажурираните, ревидираните или изменетите услови, мора веднаш да престанете со користење на обезбедените услуги.

Понатаму, корисникот разбира, признава и се согласува дека понудените услуги ќе бидат обезбедени „КАКО ШТО СЕ“ и како таква ДИА, креирана од Млади Лидери нема да превзема одговорност или обврска за навременост, пропуштена испорака, бришење и/или какви било неуспеси при складирање на корисничка содржина, комуникација или прилагодувања за персонализација.

РЕГИСТРАЦИЈА

При Ваша регистрација, можеме да прибираме информации како што се вашето име, е-пошта, датум на раѓање, пол и земја. Можете да ги уредувате информациите за вашата сметка во секое време. Откако ќе се регистрирате во ДИА и ќе се најавите за користење на нашите услуги, повеќе не сте анонимни за нас.

КОРИСНИЧКА СМЕТКА, КОРИСНИЧКО ИМЕ, ЛОЗИНКА И БЕЗБЕДНОСТ

Кога поставувате сметка, вие сте единствениот овластен корисник на вашата сметка. Вие ќе бидете одговорни за одржување на тајноста и доверливоста на вашата лозинка и за сите активности што се појавуваат на или во рамките на вашата сметка. Ваша одговорност е за било какво дејство или пропуштање на било кој корисник кои пристапуваат до информациите за вашата сметка, што доколку ги преземат од Вас, ќе се смета за прекршување на Условите за користење. Ваша одговорност е веднаш да не известите доколку забележите неовластен пристап или употреба на вашата сметка или лозинка или било какво друго прекршување на безбедноста. Ние нема да бидеме одговорни за било каква загуба и/или штета што произлегува од неуспехот при усогласување со оваа состојба на Условите за користење.

КОРИСТЕЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ОПШТИ ПРАКТИКИ

Потврдувате дека можеме да поставиме какви било практики и/или ограничувања во врска со користењето на нашите услуги, без ограничување на максималниот број денови кога секоја е-пошта, објавување пораки или која било друга поставена содржина ќе биде задржана од нас, ниту пак максималниот број на е-пораки што може да бидат испратени и/или примени од било кој член, максималниот волумен или големина на било која е-порака што може да биде испратена од или примена од сметка на нашата услуга, максималниот дозволен простор на серверите ДИА, креирана од Млади Лидери во име на корисникот, и/или максималниот број пати и/или времетраењето во кое секој член може да пристапи до нашите услуги во даден временски период. Дополнително, Вие се согласувате дека ДИА нема апсолутно никаква одговорност за отстранување или неуспех да го одржува складирањето на какви било пораки и/или други комуникации или содржини што ги одржуваат или преесуваат нашите услуги. Вие исто така потрврдувате дека го задржуваме правото да избришеме или отстраниме која било сметка што веќе не е активна подолг временски период. Понатаму Млади Лидери го задржуваат правото да ги менуваат и/или ажурираат општите практики и ограничувања со дискреција.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗДРАВЈЕ И ИСХРАНА

Вие сте одговорни за сопственото здравје. Млади Лидери не е медицинска организација и нема да ви даде никаква дијагноза. Целта на Услугите е единствено да им помогне на нашите корисници да забележат што јадат, како вежбаат и да го следат нивното здравје, тежина и напредок во нивната состојба. Информациите што се достапни преку услугите од нашите партнери ќе се користат исклучиво за рекреативни и едукативни цели. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете диета или фитнес програма или ако почувствувате каква било болка или непријатност. Млади Лидери не можат да гарантираат никакви резултати или подобрувања на здравјето, тежината и/или фитнесот. Нашите услуги се наменети само за возрасни лица и доколку страдате од било каква медицинска состојба која може да биде нарушена со диета или вежбање, не ги користете нашите услуги. Нутриционистичките информации пронајдени во нашата база на податоци се точни, веродостојни или целосни. Млади Лидери не се одговорни за каква било лична повреда или друга штета на каква било употреба или злоупотреба на услугите.

ПРЕСТАНОК

Како член на мобилната аплиакција ДИА, можете да ја откажете или укинете вашата корисничка сметка, поврзаната е-пошта и/или пристапот до нашите услуги со поднесување барање за откажување или раскинување на contac@dia.com.mk

Како корисник вие се согласувате дека ДИА, креирана од Млади Лидери може, без претходно писмено известување, веднаш да ја суспендира, укине, прекине и/или ограничи вашата сметка, која било е-пошта поврзана со вашата сметка и пристап до нашите услуги.

Укинувањето на вашата сметка со апликацијата ДИА ќе го вклучи секое од наведеното:

а) отстранување на било каков пристап до сите или дел од услугите понудени во мобилната апликација ДИА

б) бришење на вашата лозинка и сите поврзани информации, датотеки и каква било содржина што може да биде поврзана со или внатре во вашата сметка

в) забрана за понатамошна употреба на сите или дел од нашите услуги