Температурите се ниски, има помалку часови сончева светлина и уморни сте да се справувате со вашиот дијабетес. За многу луѓе со дијабетес, како што температурата паѓа, шеќерот во крвта се зголемува. Тоа е затоа што кога снегот, мразот и студеното време ве задржуваат повеќе да седите внатре, голема е веројатноста дека ќе вежбате помалку, а ќе јадете повеќе.
Еве неколку совети како подобро да го контролирате шеќерот во крвта во текот на зимските месеци – и да се држите подалеку од чувството на анксиозност што го создава студеното време!
Загрејте го телото
Вежбањето го намалува шеќерот во крвта, му помага на вашето тело подобро да го користи инсулинот, ви ја одржува топла температурата на телото, па дури и може да го подобри вашето расположение.
Постојат многу начини да се активирате без да го напуштите вашиот дом (покрај лопатата за снег!). Обидете се со јога, пилатес, неколку пати да се качувате по скали, да танцувате, дури и да ја исчистите вашата соба. Раздвижете ги мускулите за да се загреете, да ја разбистрите главата и да го намалите шеќерот во крвта.
Останете здрави
Кога сте болни, потешко е да се контролира вашиот дијабетес. Ако имате настинка, вирус или грип и добиете кетони, погрижете се да се водите по правилата и препораките за боледување. Контактирајте го вашиот лекар доколку се уште имате кетони во крвта или урината.
За да си помогнете да останете здрави во текот на зимата:
- Вакцинирајте се против грип
- Спијте 7-8 часа навечер
- Често мијте ги рацете
- Ако навистина се разболите, останете дома и избегнувајте контакт со други лица
Хранете се добро
- Не заборавајте да ги броите јаглехидратите за СЕКОЈА храна што ја јадете.
- Дозирајте го вашиот инсулин правилно спрема она што го јадете.
- Чорбите и супите, покрај тоа што имаат вкусен зеленчук, можат да ви помогнат да се згреете и се здрав избор на храна.
Некои луѓе почесто порачуваат храна за да не мора да одат да пазарат на студот. Треба многу да се внимава бидејќи храната што се нарачува како пица, тестенини и претходно подготвени замрзнати намирници може да биде надополнета со дополнителни калории, сол и масти.
Кога Вие самите готвите во вашата кујна, точно знаете што има во оброкот. Исто така ќе бидете сигурни дека имате зеленчук и овошје во секој оброк. Плус, ќе заштедите пари и ќе останете загреани покрај шпоретот.
Чувајте го вашиот дух
Во текот на зимата, може да биде потешко да останете во контакт со пријателите. Иако можеби ќе ви треба малку повеќе вложен напор, поминувањето време со другите може да ви помогне да го избегнете чувството на анксиозност и депресивност.
Зошто да не:
- Помогнете на оние кои им треба помош со волонтирање во некоја добротворна организација.
- Имате пријатели. Едноставно зборувањето со некого може да го подигне вашето расположение и да направи да се чувствувате помалку изолирано.
И покрај вашите максимални напори, зимските студени денови може да влијаат на вашето расположение и да ја преземат контролата и може да се чувствувате депресивни. Сите имаме лоши денови, но ако некое време се чувствувате така, можеби ќе треба да побарате помош. Контактирајте го вашиот лекар доколку сте загрижени за соодветни насоки и препораки за посета на психотерапевт.
Исто така, внимавајте на следните знаци на депресија:
- Да се биде уморен (повеќе од вообичаено).
- Проблеми со концентрирање на задачите.
- Промена во навиките во исхраната.
- Нерасположение или раздразливост.
- Чувство на преоптоварување и/или вина.
- Сакате да бидете сами повеќе од вообичаено.
- Губење интерес за хоби или работи во кои некогаш сте уживале.
- Намалување оценки на училиште.
Да се чувате себеси од анксиозност и депресија може да помогне во контролата на шеќерот во крвта. Следејќи ги горенаведените совети (да останете физички активни, да ги броите јаглехидратите што ги јадете и да останете поврзани со другите) ќе ви помогне да ги одржите вашето тело и ум здрави цела зима – и остатокот од годината, исто така!