Дијагностицирање на дијабетес

August 16, 2023


Дали вие или некој ваш близок се сомневате дека можеби имате дијабетес?

Единствениот начин да се знае со сигурност е да  направите крвни анализи преку кои се мери нивото на гликоза во крвта. Не грижете се, ова лесно може да се организира преку вашиот матичен лекар. 

Дијагнозата на дијабет секогаш се потврдува со лабораториски резултати. Обично, резултатите ќе ги добиете за само неколку дена. Меѓутоа, ако имате симптоми и сте примени во болница, резултатите треба да се добијат многу побрзо. Ако тестот покаже дека имате нормално ниво на шеќер во крвта, тогаш немате дијабет. Меѓутоа, ако резултатите покажат високи нивоа на гликоза, ова може да укаже дека имате дијабет или сте изложени на ризик од развој на дијабет тип 2.

Кои крвни анализи се прават?

-Дијагнозата на дијабетес се базира на покачени нивоа на гликоза на гладно (плазма гликоза ≥ 7.0 mmol/L) или на ниво на гликоза мерена два часа по гликоза толеранс-тест (плазма гликоза ≥ 11.0 mmol/L). Пациенти со благо покачено ниво на гликоза на гладно сега се сметаат како посебна ризик-група.

Нарушена гликозна толеранција (ИГТ) се однесува на нормални вредности на гликоза на гладно со покачени вредности по 2 часа (плазма гликоза ≥ 7.8-11.0 mmol/L).

-Кај асимптоматски пациенти за дијагноза се потребни два поединечни резултата, кои ја надминуваат граничната вредност. Ако пациентите имаат симптоми што упатуваат на хипергликемија и резултатот од единечно мерење е > 11 ммол/л (независно кога е земен), едно мерење е доволно.

 ХбА1ц

Тестот A1C ја мери вашата просечна гликоза во крвта за последните два до три месеци. Предностите на дијагнозата на овој начин се тоа што не мора да постите или да пиете нешто.

Резултат ХбА1ц
Нормално Помалку од 5.7%
Предијабет 5.7% – 6.4%
Дијабет Над 6.5% и повеќе
– Според СЗО, вредностите на ХбА1ц кои надминуваат 6,5 % (48 ммол/мол) би биле доволни за дијаноза на дијабет тип 2. ХбА1ц концентрација < 6,5% (48 ммол/Л) не исклучува дијагноза на дијабетес. 
-Гликозилиран хемоглобин, HbA1c одговара за мониторирање долготрајна гликемиска контрола кај луѓе со дијабетес; но со сегашните методи тестот не е доволно сензитивен за дијагностички цели.
 ОГТТ
Ако сте загрижени за тоа како вашето тело го обработува шеќерот од храната и пијалоците, тестот на крвта може да ви помогне да си дадете одговор. Овој тест често се нарекува орален тест за толеранција на гликоза (OGTT) и најчесто се користи за дијагностицирање на гестациски дијабетес.
Тестот е поделен на два дела. Прво, медицинска сестра ќе земе примерок од  крв од вашата рака откако сте гладувале одредено време. Ова ќе го утврди вашето основно ниво на гликоза во крвта. Потоа, ќе ви дадат сладок пијалок кој содржи стандардна количина шеќер (75 грама гликоза). Ова е за да се види колку добро вашето тело може да се справи и одржува нормално ниво на шеќер во крвта. Два часа подоцна, медицинската сестра ќе земе уште еден примерок од крв за повторно да ги провери вашите нивоа. Резултатите од тестот обично се враќаат во рок од неколку дена, и тие ќе покажат различни нивоа за тестот на гладно и вториот тест направен два часа подоцна.
-Најчесто овој тест се користи за одредување предиспозиција за појава на дијабетес тип 2. Сѐ почесто се користи модифицирана верзија од овој тест за дијагностицирање гестациски дијабетес – вид дијабетес којшто се појавува во текот на бременоста.
 -Полеcно е да се направи двочасовен орален тест за толеранција на гликоза (ОГТТ) ако гликемијата на гладно е лесно покачена (< 7,0 ммол/л), концентрацијата на ХбА1ц е 6-6,5 % (42-48ммол/мол) или ако резултатите од тестовите за процена на ризикот се над нормалата.
 
      Доколку се тестирате за проверка за можен дијабетес тип2, може да ги добиете следниве вредности:
 
-Вредности за гликоза  < 7,8 mmol/L се нормални;
-Вредности од 7,8 до 11 mmol/L се показатели за можен предијабетес (интолеранција на гликоза), што значи дека може да развиете дијабетес тип 2;
-Вредности над 11,1 mmol/L или повисоки укажуваат дека најверојатно имате дијабетес.

      Ако сте бремена, имате гестациски дијабетес ако:

-вашата гликоза на гладно е 5,6 mmol/l или повеќе (првиот тест)
-вашата 2-часовна гликоза е 7,8 mmol/l или повеќе (вториот тест)
Плазма гликоза на гладно
Овој тест го проверува нивото на гликоза во крвта на гладно.  Не треба да конзумирате храна или пијалоци (освен вода) најмалку 8 часа пред тестот. Овој тест обично се прави наутро, пред појадок.
Дијабетесот се дијагностицира ако вашите нивоа на гликоза се 7 mmol/l и повеќе.
 
Пред луѓето да развијат дијабетес тип 2, тие речиси секогаш имаат предијабетес – нивоа на гликоза во крвта кои се повисоки од нормалното, но сè уште не се доволно високи за да се дијагностицираат како дијабетес. 100-125mg/dL глукоза во крвта, по невнесување на храна од најмалку 8 часа, се смета за состојба наречена предијабетес.

Запомнете, раната дијагноза на дијабетес може да помогне да се справите со состојбата и да спречите компликации. Затоа, не двоумете се да се обратите на  вашиот  лекар и да се тестирате.