Дијабет тип 1 е состојба кога имунолошкиот систем ги напаѓа клетките кои произведуваат инсулин во панкреасот, кои се нарекуваат бета клетки. Инсулинот е важен бидејќи им помага на нашите клетки да пристапат до шеќер односно гликоза. Без него, нивото на шеќер во крвта може да се зголеми, што ќе ве доведе до тоа да чувствувате замор и ќе предизвика губење на тежината.
За жал, не постои познат лек за оваа автоимуна болест. Се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Вреди да се напомене дека дијабетес тип 1 може да се развие на која било возраст, не само во детството, и покрај застарениот термин „јувенилен дијабетес“. Добрата вест е дека со соодветен третман, луѓето со дијабетес тип 1 можат да водат здрав и исполнет живот. Ако на вам или на некој што го познавате му бил дијагностициран дијабетес тип 1, знајте дека постои достапна поддршка и дека не сте сами.
Симптомите на тип 1 дијабет
Симптомите за сите типови на дијабет, како и други, како што е гестацискиот дијабет, се многу слични. Не треба да ги имате сите симптоми за да имате дијабетес, но најверојатно ќе имате најмалку 3 или 4 од овие симптоми:
- Зголемена жед и често мокрење
- Зголемен апетит
- Губење на тежина
- значајно несакано губење тежина за неколку недели што ѝ претходи на дијагнозата вообичаено сугерира инсулин-зависен дијабетес.
- Замор
- Заматен вид
- Рани што бавно заздравуваат
- Благо покачен крвен притисок
- Чести габични инфекции
- Кетоацидоза за време на дијагнозата
- Кетони јасно присутни во урината и/или во серумот.
- Метаболна ацидоза.
- Ниска концентрација на Ц-пептиди
- Серум C-peptide – низок за време на дијагнозата (< 0.2–0.3 nmol/L), подоцна недетектибилен (вообичаено < 0.1 nmol/L).
Дијабетот тип 1 може да се развие многу брзо, предизвикувајќи симптомите да се појават ненадејно. Кај деца се појавува најчесто помеѓу 12-14 години, а првите симптоми се често мокрење, појава на жед и појава на голем апетит. Важно е веднаш да се побара лекарска помош за да се избегне ризикот од опасна по живот состојба наречена Дијабетична кетоацидоза (ДКА) која може да доведе до кома или смрт.
Како се третира тип 1 дијабет?
Животот со дијабетес тип 1 може да биде предизвик, бидејќи земањето инсулин за да се преживее е од особена важност. Постојат неколку начини на примање инсулин, како што се инекции, инслулински пумпи илиинхалирање. Некои експериментални третмани вклучуваат вградени клетки кои произведуваат инсулин.
Примарната цел е да се балансира внесот на инсулин за да се намалат високите нивоа на шеќер во крвта без да се предизвика сериозно ниско ниво на шеќер во крвта. Ова значи често проверување на нивото на шеќер во крвта или користење континуиран мерач на гликоза (CGM) доколку е можно.
Менаџирањето со дијабетес тип 1 е целодневна задача која бара постојано следење. LADA, форма на дијабетес тип 1, напредува бавно со години, оставајќи го пациентот со повеќе производство на инсулин од типичен дијабетичар тип 1, но сè уште не доволно за менаџирање со здрави нивоа на шеќер во крвта. Запомнете, со правилен третман и поддршка, животот со дијабет тип 1 е повеќе од возможен.
Ризик фактори за дијабет тип 1
- Семејна историја- се зголемува ризикот кај луѓе со родител или брат/сестра со дијабетес тип 1 .
- Генетика- некои луѓе се со предиспозиција да развијат тип 1.
- Возраст- дијабетес тип 1 може да се развие на која било возраст на која било возраст, но научниците забележале забележителни пикови на возраст од 4-7 и 10-14 години.
- Локација- инциденцата на дијабетес тип 1 се зголемува колку што е подалеку човек од екваторот.
- Присуство на антитела
- Изложување на одредени вирусни заболувања
- Намалено внесување на витамин Д
- Давање на кравјо млеко во рана возраст
- Пиење вода што содржи нитрати
- Рано (пред 4 месец) или доцнa (после 7 месец) внесување житарици и глутен во исхрана на доенчето
- Мајка која развила прееклампсија за време на бременоста
- Развиена жолтица после раѓање
Како се дијагностицира дијабет тип 1?
Дијагнозата на дијабетот обично се поставува врз основа на нивото на гликоза во крвта и тестот за хемоглобин A1c. Општо земено, две нивоа на гликоза во крвта на гладно над 126 mg/dL (~ 7,0 mmol/L), случајно отчитување од над 200 mg/dL (~ 11 mmol/L) и A1c од 6,5% (~ 47,5 mmol/mol ) или поголемо, е карактеристика на дијабет. Нивото на A1c помеѓу 5,7%-6,4% (~ 38,8 mmol/mol – 46,4 mmol/mol) се смета за карактеристично за „пред-дијабет“.
Бидејќи раниот почеток на дијабетес тип 1 може да се манифестира без очигледни клинички симптоми, погрешни дијагнози на преддијабетес или дијабетес тип 2 често се јавуваат кај возрасната популација. Се проценува дека помеѓу 5% и 15% од возрасните на кои им е дијагностициран дијабетес тип 2 може всушност да имаат дијабет тип 1.
Клиничките тестови за проверка на дијабет може да вклучуваат нивоа на серумски C-пептид, како и тестирање на антитела. Циркулирачките нивоа на C-пептид одговараат на количината на ендогениот инсулин, додека присуството на автоантитела против островските клетки (ICAs), глутаминска киселина декарбоксилаза (GADAs), инсулин (IAAs), трансмембранска тирозин фосфатаза (IA2As) и ZnT8 (ZnT8As) укажуваат на автоимун одговор.
Автоантителата може да се откријат неколку години пред да се постави дијагноза и во голема мера го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 1. Сепак, не сите пациенти со дијабет тип 1 имаат автоантитела, што ја истакнува хетерогената и мултифакторна природа на болеста.
Компликации кај тип 1 дијабет
Компликациите од дијабетес тип 1 може да се поделат на два типа – краткорочни и долгорочни компликации.
Краткорочните компликации вклучуваат низок крвен шеќер (хипогликемија) и дијабетична кетоацидоза (ДКА).
Долгорочните компликации се поделени во две групи:
-Микроваскуларни компликации (вклучувајќи ги ситните крвни садови во телото) кои вклучуваат болести на очите, бубрезите и нервите
-Макроваскуларни компликации (вклучувајќи ги големите крвни садови) кои влијаат на здравјето на срцето.