Мерење на нивото на шеќер во крвта

December 18, 2023


Тестирањето на нивото на шеќер во крвта е најдобар начин да се разбере како функционира вашиот дијабетес, како и набљудувањето на кој начин различните видови храна, лекови и активности влијаат на оваа состојба. Следењето на вашата гликоза во крвта може да ви помогне вам и на вашиот лекар да направите план за контролирање на оваа состојба.

Луѓето користат преносни мерачи на гликоза во крвта, наречени глукометри, за да го проверат нивото на шеќер во крвта. Тие работат со анализа на мала количина на крв, со боцкање со ланцета  од врвот на прстот. Мерачите ви го прикажуваат моменталниот шеќер во крвта. Но, бидејќи нивото на шеќер во крвта се менува, треба често да се мерите повеќе пати и да ги снимате и запишувате резултатите. Сега имате можност да водите електронски дневник, вашите дневни нивоа на гликоза во крвта да ги внесувате на нашата ДИА апликација.

Мерачи за следење на гликозата во крвта може да набавите од:

  •         вашиот лекар
  •         канцеларија на едукатор за дијабетес
  •         аптека
  •       онлајн продавници

Мерачите на гликоза доаѓаат со ленти за тестирање, мали игли или ланцети за боцкање на прстот и уред за држење на иглата.

Кои се придобивките од мерење на гликоза во крв?

Редовното следење на гликозата е еден начин на кој луѓето со дијабетес можат да дознаат повеќе за нивната состојба. Кога е време да се донесат важни одлуки за дозирање на лекови, вежбање и исхрана, знаењето на нивото на гликоза во крвта ќе ви помогне вам, на вашиот лекар и на остатокот од вашиот здравствен тим.

Вашиот лекар ќе го пресмета целниот опсег за вашата гликоза во крвта врз основа на вашата возраст, вашиот тип на дијабетес, вашето целокупно здравје и други фактори. Важно е да ги одржувате нивоата на гликоза во рамките на целниот опсег колку што можете најдобро.

Со рутинска проверка на нивото на гликоза во крвта, ќе знаете и кога шеќерот во крвта ви е премногу висок или премногу низок, при што и двете состојби може да предизвикаат симптоми и сериозни здравствени проблеми.

Без соодветен третман, високите нивоа на шеќер во крвта може да доведат до долгорочни компликации, вклучувајќи:

  •         срцева болест
  •         невропатија
  •         проблеми со видот
  •         слаб проток на крв
  •         болест на бубрезите

Ниското ниво на шеќер во крвта може да предизвика и симптоми кои вклучуваат:

  •         конфузија
  •         слабост
  •         вртоглавица
  •         нервоза
  •       потење

Нискиот шеќер во крвта може да доведе и до сериозни компликации, како што се епилептични напади и кома.

Ризиците од тестот за гликоза во крвта се минимални и многу помали од ризиците кои се можни од нередовно следење на нивото на шеќер во крвта.

Ако делите инсулински игли и ленти за тестирање со некого, имате зголемен ризик од заразни болести, како што се:

  •       ХИВ
  •       хепатитис Б
  •       хепатитис Ц

Подготовка за мерење

Пред да го проверите нивото на гликоза во крвта, проверете дали имате:

  •         уред со стапче за боцкање на прстот, како што е ланцета
  •         памучна вата и етил алкохол за стерилизирање на местото на боцкање
  •         глукометар
  •         завој или фластер ако крварењето продолжи повеќе од неколку капки

Исто така, во зависност од видот на тестот што го правите, можеби ќе треба да го прилагодите распоредот за оброци или да го распоредите околу оброкот, во зависност од упатствата на вашиот лекар.

Пред да започнете, измијте ги рацете темелно за да спречите инфекција на местото на убодот на прстот. Ако користите марамчиња со алкохол наместо миење раце, задолжително оставете го местото да се исуши пред да го боцнете.

Следно, ставете лента за тестирање во мерачот. Боцнете го прстот со ланцета за да добиете мала капка крв. Боцкајте ги странично врвовите на прстите наместо самиот врв, за да ја намалите непријатноста во боцнатиот прст.

Крвта треба капне на тест лентата што сте ја ставиле во мерачот. Вашиот глукометар ќе ја анализира крвта и ќе ви даде отчитување на гликозата во крвта на неговиот дигитален екран обично во рок од една минута.

За боцкање на прстите ретко е потребен завој, но можеби ќе ви треба да го искористите ако крварењето продолжи повеќе од неколку капки. Следете ги инструкциите што доаѓаат во упатството со вашиот глукометар за да добиете точни резултати.

Ако имате дијабетес тип 1, треба да ја тестирате гликозата во крвта четири или повеќе пати на ден. Ова вклучува пред и после оброци и вежбање, а почесто кога сте болни.

Ако имате дијабетес тип 2, вашиот лекар ќе ве извести кога и колку често треба да ја тестирате гликозата во крвта.

Американското здружение на клинички ендокринолози и Американскиот колеџ за ендокринологија препорачуваат да ги одржувате вредностите на гликоза на гладно и пред оброк на 4.4-7.2 mmol/L и после јадење <10 mmol/L.  Вредностите за два часа после оброкот да се одржуваат  под 7.8 mmol/L.

Напомена, ова се општи препораки и не се за секого. Консултирајте го вашиот лекар за тоа кои се вашите целни нивоа.

Текстот е превземен

https://www.healthline.com/health/blood-glucose-monitoring#understanding-results