Здравата исхрана за време на празниците може да претставува предизвик кога имате дијабетес, особено кога имате премногу опции за храна во тие денови.
Како да се придржувате до вашиот план за оброци, а сепак да се вклучите во забавата? Еве девет совети кои ќе ви помогнат да управувате со празничното јадење со дијабетес.
1. Најдете поздрави алтернативи за храна.
Обожавате пита или торта? Намалете ги калориите, шеќерот и заситените масти со прескокнување и тргнување на шлаговите и кремовите на страна. За да го одржите шеќерот во крвта под контрола, можеби ќе треба да ги намалите другите јаглехидрати (како леб и компири) со остатокот од оброкот.
2. Бидете умерени и контролирајте ги порциите.
Одличен совет за празнична исхрана за луѓето со дијабетес е да размислат да консмираат десерт во големина на залак наместо целосна порција.
3. Ажурирајте ги омилените семејни рецепти.
Ако празничните колачиња или лебот се омилени во вашето семејство, обидете се да ги направите со интегрално пченично брашно или да додадете опции од здрави состојки како што се авокадо, банана, брусница, јаболка или ореви.
4. Не излегувајте со празен стомак.
Пред забава или шопинг, каснете нештп за да не отидете гладни. Обидете се да комбинирате сложени јаглехидрати со протеини и незаситени масти во празничната исхрана, како парчиња јаболко со путер од кикирики или мисиркино или пилешко месо и авокадо на парче интегрален леб.
5. Избегнувајте консумација на алкохол на празен стомак.
Дали знаевте дека алкохолот го зголемува вашиот апетит и ја намалува вашата способност да контролирате што јадете? Алкохолот може да го намали шеќерот во крвта и да стапи во интеракција со лековите за дијабетес. Значи, ако пиете, пијте го алкохолот истовремено со земање храна.
6. Јадете повеќе овошје и зеленчук.
Друг добар совет за празнична исхрана за дијабетичари е да имаат повеќе јадења кои содржат зеленчук за вечера. Побарајте здрави рецепти и додајте разни зачини или сосови за да ги направите повкусни без да ги направите нездрави.
7. Одете на прошетка после оброкот или создадете семејна традиција со некаква активност после гозбите.
Создадете нова традиција со која ќе промовирате забава и ќе ги поттикнете сите од семејството да се раздвижат после оброкот. Одете на прошетка низ маалото или организирајте семејни игри кои ќе забавуваат сите во домот. Натерајте ги вашите баби и дедовци, родители,браќа и сестри да танцуваат! Пуштете ги старите мелодии и нека свири музика од секоја деценија.
8. Целта нека ви биде 7 до 8 часа спиење ноќе.
Ова може да биде изненадувачки совет околу исхраната за луѓето со дијабетес во празничната сезона, но спиењето ви помага да се заштитите од непромислено јадење. Кога сте лишени од сон, поголем предизвик е да го контролирате шеќерот во крвта и да избегнувате ужини богати со шеќер.
9. Обрнете внимание на она што е навистина важно.
Иако храната е суштински дел од празниците, запомнете што е сезоната на празници – славење и дружба со семејството и пријателите.
Следете ги нашите совети и имајте убави и безгрижни празници!