Факултет и дијабетес тип 1: Совети за полесно снаоѓање

December 27, 2023


Здраво студенти! Честитки за тргнувањето на ова возбудливо академско патување! Сосема ве разбираме дека живеењето самостојно може да биде огромен товар, без разлика дали доаѓате од друг град или се селите во странство, особено кога треба да се справувате и со дијабетес истовремено. Но, не грижете се, ние ви чуваме грб!

Прво, погрижете се секогаш да го носите со себе вашиот мерач/комплет за испитување на шеќер во крвта, третмани за хипогликемија, инсулин и глукагон. Со нов распоред и социјални активности, важно е да внимавате на нивото на шеќер во крвта.

Знајте дека чувството на нервоза поради факултетот и дијабетесот е сосема нормално. Но, не дозволувајте да ве враќа наназад! Вие го можете ова! Со вистинските алатки и информации, можете самоуверено да менаџирате со вашиот дијабетес и да се фокусирате на вашите академски обврски.

Затоа, вдишете длабоко и запомнете дека не сте сами. Ние сме тука да ве поддржуваме на секој чекор од патот. Среќно на вашите студии!

 Ако сте отидени да студирате надвор од дома, престојувате во студентски дом или сте некаде под кирија, важно е да сте секогаш подготвени за да се справите со вашиот дијабетес. Погрижете се секогаш да имате спремен сет за третман на хипогликемија во вашата студентска соба, за на пример, да не се фатите неспремни без ништо на среде ноќ. Одвојте малку време за да откриете каде најбрзо можете да купите храна од блиските маркети, продавници, трафики или автомати, особено оние во близина на вашиот факултет, во случај да ви треба нешто да каснете при пад на шеќерот.

Исто така, добро е да ги информирате цимерите и колегите за вашиот дијабетес и како тие можат да помогнат во итен случај. Покажете им како да дадат глукагон доколку е потребно, но имајте на ум дека нема да делува ако сте пиеле алкохол.

Кога сме кај пиењето, доколку планирате да излезете, погрижете се претходно да каснете нешто и понесете грицки за хипогликемија со вас. Алкохолот може да предизвика зголемување на нивото на шеќер во крвта, а потоа да се намали неколку часа подоцна. Не заборавајте соодветно да ја прилагодите дозата на инсулин и да поставите аларми на вашиот континуиран мерач на гликоза (доколку поседувате таков) за да ги следите вашите нивоа.

Погрижете се постојано да имате доволно залихи на инсулин со вас. Поставете си потсетници на телефонот за повторна нарачка на вашите залихи или снабдување од најблиската инсулинска аптека.

 Носете со вас и медицински нараквици или здравтвени книшки за да им е полесно на луѓето да препознаат дека имате дијабетес во случај на опасност.  Останете безбедни и имајте одлично време на факултет!

Погрижете се да ги информирате вашите професори дека имате дијабетес тип и дека можеби ќе користите медицински уреди како што се вашиот CGM, инсулинска пумпа или мобилен телефон за снимање на нивото на гликоза за време на часовите. Важно е да ги потсетите дека можеби ќе треба да погледнете во вашиот телефон и дека не го правите тоа за да го нарушите мирот во наставата. На тој начин, вашите професори ќе бидат свесни за вашиот дијабетес и можете полесно да разговарате за вашите потреби со нив.

Добра идеја е и да се распрашате дали како студент со дијабетес имате предност за добивање соба во студентските домови, и дома и во странство. Исто така, информирајте се каде се наоѓаат станиците за брза помош на факултетскиот кампус. Постојат ресурси на кампусите за да им помогнат на сите студенти да успеат. Дознајте што ви е достапно и побарајте ја помошта што ви следува.

Држењето рамнотежа помеѓу академските одговорности, социјалните активности и грижата за себе може да биде тешко. Меѓутоа, кога часовите стануваат стресни, а грижата за дијабетесот станува огромна одговорност, од суштинско значење е да знаете како да се грижите за себе. Обидете се да спиете доволно, да останете хидрирани и да го движите вашето тело. Тие три работи имаат огромно позитивно влијание врз управувањето со гликозата во крвта. Најдете начини да го движите вашето тело во кои ќе најдете еден вид уживање. На пример тоа може изгледа вака: вежбајте во теретана, трчајте/возете велосипед на кеј или истражувајте го градот каде сте заминале на факултет преку пешачење заедно со пријателите. Во ред е да земете ден за одмор и грижа за себе и да кажете „не“ на социјалните активности ако се чувствувате изгорени. Најдете рамнотежа помеѓу правењето паметен избор на храна во кафетерија и да си дозволите да уживате со пријателите, исто така. Вежбајте флексибилност и сочувствувајте со себе. Направете кратка пауза кога сте под стрес и правете нешто во што уживате.

Секогаш запомнете дека вашата вредност се мери многу повеќе од бројката на мерачот на шеќер во крвта. Уживајте на факултет!