Сè што треба да знаеш за дијабетес

August 1, 2023


Животот со дијабетес може да биде предизвик, но не мора да биде пречка за да се живее здрав и исполнет живот. Без разлика дали сте новодијагностицирани или веќе некое време се справувате со дијабетес тип 1, тип 2, гестациски или сте родител на дете со дијабет, сега ви се достапни алатки и ресурси кои ќе ви помогнат да ја преземете контролата врз вашето здравје и здравјето на вашите најмили.

Што е дијабетес?

Дијабетесот е метаболна состојба која предизвикува високи нивоа на шеќер во крвта. Во техничка смисла, Вашето тело не произведува доволно инсулин или не може ефикасно да го искористи инсулинот што го произведува за да го пренесе шеќерот од крвта во вашите клетки за енергија, без разлика дали се должи на автоимуна реакција ( Тип 1) или зголемена резистенција на инслулин и исцрпеност на бета клетките на панкреас ( Тип 2).

Кои се симптомите на дијабетес? 

Типови на дијабет

Тип 1. Дијабетес тип 1 е автоимуна болест. Имунолошкиот систем ги напаѓа и уништува клетките во панкреасот, каде што се произведува инсулинот. Не е јасно што го предизвикува овој напад.

Тип 2. Дијабетес тип 2 се јавува кога вашето тело станува отпорно на инсулин, а шеќерот се акумулира во крвта. Тоа е најчестиот тип – околу 90% до 95%  луѓе кои живеат со дијабетес имаат тип 2.

Тип 1.5. Дијабетесот тип 1.5 е познат и како латентен автоимун дијабетес кај возрасни (LADA). Се јавува за време на зрелоста и постепено се појавува како дијабетес тип 2. 

Гестациски. Гестацискиот дијабетес е висок шеќер во крвта за време на бременоста. Инсулин-блокирачките хормони произведени од плацентата го предизвикуваат овој тип на дијабетес.

Рано откривање и лекување на дијабетес може да го намали ризикот од развој на компликации од дијабетес. Ако не се лекува, високиот шеќер во крвта може да ги оштети вашите нерви, очи, бубрези и други органи. 

Ако си нов во дијабетесот, за да дознаеш како се дијагностицира кликни тука.

Со едукација и проактивни чекори, можете да ги спречите или да се справите со компликациите од дијабетесот.  Здравата исхрана, физичката активност, редовното следење на нивото на шеќер во крвта и  лекови според пропишаните препораки може да ви помогнат да останете здрави и да избегнете компликации.

Запомнете, ако имате дијабетес не значи дека не можете да го живеете животот во потполност. Со соодветни алатки и поддршка, можете да напредувате и да уживате во сето она што ви го нуди животот. Затоа преземете акција уште денес и почнете да ја контролирате вашето здравје.

До следно читање, DiaBesties.