Ајде да ги споредиме симптомите на дијабетот, како се разликуваат помеѓу тип 1 и тип 2, помеѓу мажите и жените, кај децата наспроти возрасните.
Дијабетесот е состојба која се јавува кога вашето тело не е во состојба да го регулира нивото на шеќер во крвта. Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до симптоми на дијабетес, како што се симптомите прикажани на сликата подолу.
Симптомите на тип 1, тип 2 и тип 1,5 (LADA) дијабет се исти, но кај тип 1 се јавуваат во пократок период од тип 2 и 1,5. Кај тип 2, почетокот има тенденција да биде побавен. Tрнење на нервите и рани кои бавно зараснуваат се почести кај тип 2.
Ако не се лекува, тип 1 особено, може да доведе до дијабетична кетоацидоза. Во оваа состојба има опасно ниво на кетони во телото. Поретко е кај другите типови на дијабетес, но сепак е можно.
Рани симптоми
Симптомите на дијабетес се резултат на високо ниво на шеќер во крвта во телото.
Овие симптоми се развиваат ненадејно кај дијабетес тип 1. Дијабетесот тип 2 често се развива бавно во текот на многу години.
Вообичаени рани симптоми вклучуваат:
- зголемена жед
- зголемен апетит
- замор
- заматен вид
- често мокрење што го прекинува сонот
- раздразливост
- промени во расположението
- неочекувано губење на тежината
- исеченици, рани и модринки кои полека зараснуваат
Симптоми кај тип 1
Симптомите на дијабетес тип 1 се појавуваат многу брзо, често во текот на неколку недели, бидејќи панкреасот на телото престанува да произведува инсулин.Дијабетес тип 1 почесто се јавува во детството или адолесценцијата, но понекогаш се развива и во подоцнежните години.
Бидејќи симптомите на дијабетес тип 1 се појавуваат брзо, тие се генерално тешки и забележливи. На пример, може да изгубите драматично количество тежина за само неколку недели. Може да имате и стомачни болки и повраќање.
Дополнително, бидејќи дијабетесот тип 1 се развива брзо, вашиот шеќер во крвта може да стане многу висок пред да можете да поставите дијагноза и да започнете со третман. Ова понекогаш може да доведе до итна медицинска состојба наречена кетоацидоза која бара итен третман.
Симптоми кај тип 2
Симптомите на дијабетес тип 2 се развиваат побавно од дијабетес тип 1 поради резистенција на организмот на инсулин и панкреасот полека ја губи способноста да произведува доволно инсулин.
Може да имате дијабетес тип 2 со години без никакви симптоми. Кога ќе започнат симптомите, тие често ќе бидат благи. Со текот на времето, луѓето со дијабетес тип 2 имаат повисоки и повисоки нивоа на гликоза во крвта, што може да предизвика:
- промени на кожата
- губење на видот
- рани на нозете
- вкочанетост и болка во екстремитетите
Тип 1 симптоми | Тип 2 симптоми |
Се развиваат брзо | Се развиваат поспоро |
Teшки | Поблаги на почетокот |
Може да доведат до медицинска ургентна состојба – кетоацидоза | Помала веројатност да доведе до компликација на кетоацидоза |
Почест кај деца и адолесценти | Почест кај возрасни |
Гестациски дијабетес
Повеќето жени кои развиваат гестациски дијабетес немаат никакви симптоми. Здравствените работници често ја откриваат состојбата за време на рутински тест за шеќер во крвта или орален тест за толеранција на гликоза, кој обично се изведува помеѓу 24-та и 28-та недела од бременоста. Во ретки случаи, лице со гестациски дијабетес исто така ќе доживее зголемена жед или мокрење.
Симптомите на дијабетес може да бидат толку благи што на почетокот е тешко да се забележат. Дознајте кои знаци (линк) треба да ве поттикнат да посетите лекар.
Симптоми кај мажите
Покрај општите симптоми на дијабет, мажите може да имаат:
- намален сексуален нагон
- еректилна дисфункција
- слаба мускулна сила
Симптоми кај жените
Жените со дијабет може да имаат симптоми како што се:
- сувост на вагината
- инфекции на уринарниот тракт
- габични инфекции
- сува, надразнителна кожа што чеша
Мажи наспроти жени
Полот не е значаен фактор кај симптомите на дијабетес. Сепак, неколку дополнителни симптоми се јавуваат само кај жените. Тие се со поголем ризик од габични инфекции и од инфекции на уринарниот тракт.
Деца наспроти возрасни
Повеќето од симптомите на дијабетес се исти кај доенчиња, деца и возрасни. Сепак, доенчињата и многу малите деца не можат да ги кажат своите симптоми.
Наместо тоа, родителите или старателите ќе ги забележат симптомите. Може да забележите:
- зголемена потреба за менување пелени
- мокрење во кревет
- губење на тежина
- има многу мал апетит
- секогаш изгледа како да е жеден
- секогаш се чувствуваат уморни или слабо
- гадење
- повраќање
- промени во расположението
- осип на пелени кој не заздравува
- здив кој има овошен мирис
- брзо дишење
Кога доенчињата и децата развиваат дијабет, најверојатно тој е тип 1, но децата можат да развијат и тип 2.
Симптоми по делови на телото
Дијабетесот може да влијае на повеќе делови од телото. Ова го вклучува следново:
Очи: Дијабетесот често предизвикува заматен вид. Дијабетесот кој не се менаџира добро може да доведе до губење на видот.
Кожа: Дијабетесот може да му отежни на вашето тело да залечи исеченици, гребнатини и други рани. Ова може да ве стави на поголем ризик од инфекција.
Мочен меур: Дијабетесот може да предизвика често мокрење и да го зголеми ризикот од уринарни инфекции.
Стапала: Дијабетесот може да го намали протокот на крв во вашите стапала, што го отежнува чувството на исеченици и гребнатини на стапалата. Исто така, ја намалува способноста на вашето тело да ги лекува тие рани.
Раце и нозе: Дијабетесот може да доведе до дијабетична невропатија, болка и вкочанетост во рацете и нозете.
Запомнете, раното откривање е најважно кога станува збор за менаџирање со дијабетес. Побрзо ќе ја добиете потребната помош за управување со нивото на шеќер во крвта и ќе спречите развој на компликации.